×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Паблишер


Издавачката куќа ПАБЛИШЕР ја започна својата приказна во 2009 година, како прв македонски издавач со мисија да одговори на барањата на читателите од деловните и академските кругови за квалитетна и релевантна литература за личен и професионален развој. Уште од своето основање, ПАБЛИШЕР стана препознатлив по квалитетот на своите изданија, исклучителниот избор на дела и автори со неприкосновен статус, користејќи иновативен, современ и креативен пристап во градењето на своето портфолио. Претставувањето на првата специјализирана едиција бизнис-книги беше пресвртница на македонската издавачка сцена – преку неа, ПАБЛИШЕР успеа да ги доближи најзначајните автори и книги од деловниот свет до претприемачите, менаџерите, експертите, компаниите, како и до сите кои се насочени кон постигнување личен и професионален успех.

По големиот успех на специјализираната бизнис-едиција, ПАБЛИШЕР продолжи да расте и да ја проширува својата издавачка продукција. Почнавме да испишуваме уште едно ново поглавје претставувајќи ги најзначајните автори и дела од современата книжевна продукција – преку нова едиција која се фокусира исклучиво на врвни наслови и литература од познати европски творци, насочувајќи се и кон нови жанрови, како и кон издавање литература за деца и за млади.

Од своето основање Паблишер преведе и издаде над 300 наслови од докажани светски автори: Грант Кардон, Тони Робинс, Сајмон Синек, Нил Гејман, Дино Буцати, Брајан Трејси, Хал Еролд, Џордан Белфорд, Бруно Шимлеша, Смиљан Мори, Милан Крајнц, Наполеон Хил, Исак Асимов, Руми, Емили Мандел, Дејл Карнеги, Стивен Кови, Наполеон Хил, како и голем број домашни автори, меѓу кои: Катерина Ангеловска, Евгениј Хоуп, Станислав Петковски, Александра Шаровиќ Атанасовска. Во своето портфолио Паблишер вбројува и неколку едиции кои ја промовираат европската книжевност на македонската сцена.

Повеќето од книгите издадени од Паблишер станаа национални бестселери и се закитија со значајни награди, привлекувајќи го вниманието на публиката. За остварување на зацртаните цели Паблишер соработува со многу светски познати издавачи: Харпер Колинс, Пингвин, Вилијам Морис, Вајли, Сајмон и Шустер и многу други.

ПАБЛИШЕР ДОО Скопје
ул. Алберт Ајнштајн бр.8-16, Скопје
ЕМБС: 6466133
ЕДБ: 4058009500777