×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Политика на приватност


Политика на приватност и заштита на личните податоци 

Паблишер ДОО се обврзува дека нема да ги злоупотребува вашите лични податоци внесени при процесот на нарачка. 

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот (како што се име и презиме, имејл, адреса на живеење и слично). Паблишер ДОО нема да ги дава ниту открива личните податоци на потрошувачот, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Сите податоци на потрошувачот строго се чуваат и им се достапни само на вработените во нашата компанија. Паблишер ДОО и неговите партнери се одговорни за почитување на условите за приватност. Паблишер ДОО се обврзува дека ќе ги заштитува личните податоци на потрошувачот и дека ќе ги евидентира само основните податоци, потребни за тековната работа. Податоците со кои се пристапува на интернет-страницата се евидентираат автоматски, како што се бројот на посети, времето поминато на страницата и слично. Паблишер ДОО има право да ги користи исклучиво за оценување на посетеноста на интернет-страницата и за подобрување на нејзината содржина и функционалност. Во случај на промена на кои било лични податоци (на пример, адреса на достава или број на стан) кои се евидентираат во процесот на регистрација, потрошувачот е должен за промената да го извести Паблишер ДОО. Во случај на промена за која не е известен, Паблишер ДОО не одговара за каков било недостаток во поглед на нарачката, односно испораката на производот. Горенаведените одредби за заштита на личните податоци се однесуваат исклучиво за почетната веб-страница publisher.mk, како и за сите страници во рамки на доменот publisher.mk, но не и за останатите линкови поврзани со доменот publisher.mk.