×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Услови за користење


Интернетското продажно место publisher.mk е сопственост на Паблишер ДОО Скопје.

Издавачката куќа Паблишер нуди можност за пристап до сите информации објавени на сајтот.

На сајтот, како и во нашата книжарница, како регистриран посетител можете детално да ја погледнете понудата, без обврска за купување. Забранета е секаква злоупотреба на содржината што не е во согласност со условите за користење.

Во моментот кога сте на страницата publisher.mk обврзани сте да ги почитувате законите и прописите. Содржината на сајтот не смее да се модифицира, дистрибуира, репродуцира, продава и копира.

Забрането е објавување на материјали со кои се врши клевета, на навредливи, лажни, заканувачки, вулгарни, порнографски материјали, или на материјали кои на кој било начин поттикнуваат на кривично или противзаконско дело. Издавачката куќа Паблишер го задржува правото ваквите материјали да ги отстрани од сајтот без претходно да го предупреди корисникот.

Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со сајтот. Забрането е користење на сајтот за пропагандни цели.

Забрането е користење на сајтот за какво било препродавање на производи.

Забрането е поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да го оштетат сајтот или да ја преземат контролата над него. Нашата интернет-страница можете да ја користите информативно, како и за купување на објавените производи. Сајтот publisher.mk е продажно место со работно време од 24 часа, секој ден. Вонредно, продажното место може да биде недостапно заради техничко одржување или непредвидливи околности кои се надвор од контролата на Издавачката куќа Паблишер.