×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Рекламација и замена


Политика на рекламација и замена на производи

Имате право на замена на неисправни производи ако е видливо дека на производот има грешка која не настанала поради неисправен начин на користење, туку дека дошло до грешка во процесот на производство или при пакувањето. Купувачот е должен да пријави рекламација во рок од 7 работни дена од моментот на прием на пратката.

Враќањето на производот во тој случај се врши на наш трошок, а пријавата оди во три едноставни чекори:

1. Пратете ни електронска порака (имејл) на reklamacii@publisher.mk. Пораката задолжително да вклучува: – име и презиме – имејл-адреса – број на фактура или фискална сметка што сте ја добиле со испорака на производот – порака во која ќе ја опишете причината за рекламацијата.

2. Артиклите наменети за враќање спакувајте ги во оригиналната амбалажа и задолжително приложете ја фактурата или готовинската сметка, а на пликот напишете „рекламација“ и бројот на документот што ви е доставен со пратката. Ве молиме да не заборавате да го приложите оригиналниот документ (фактура или фискалната сметка), бидејќи без нив, за жал, не сме во можност да ја замениме нарачката. 3. Во моментот кога испорачувачот на пратката ќе го достави исправниот производ, ќе го преземе од вас производот што го враќате, односно рекламирате. Испорачувачот не смее да го преземе производот доколку не е спакуван во оригиналната амбалажа. Затоа, ве молиме да се придржувате до точката број 2.

Оштетените или погрешно испорачаните артикли ги праќаме веднаш по добивањето на вашата рекламација.

 

Изјава за враќање на средства во случај на плаќање со платежна картичка

Во случај кога артиклот што го рекламирате не може да се замени со ист, адекватен примерок, Паблишер ДОО се обврзува да ви ги врати средствата. Во случај на враќање на средствата што купувачот ги платил преку некоја платежна картичка, делумно или во целост, Паблишер ДОО се обврзува средствата да ги врати исклучиво преку VISA, EC/MC, MAESTRO и други методи на плаќање, што значи дека банката, по барање на продавачот, средствата ќе ги врати исклучиво на сметката на корисникот на картичката.

Купувачот не може во никој случај, под кои било услови, да побара враќање на средствата во готовина за трансакција извршена преку некоја платежна картичка.