×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Политика на испорака


За пратки во границите на Република Северна Македонија ги користиме услугите на приватната пошта „Еко логистик“.

Времето потребно за испорака на вашата пратка е од 3 до 5 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката.

До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, поради лоши временски услови и сите други непредвидливи ситуации што можат да влијаат врз транспортот на пратката.

Достава на пратките се врши во работните денови од 8:00 до 17:00 часот. За достава на нарачка можете да наведете и друга адреса од онаа на која живеете, на пример, адреса на работното место. БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

За сите нарачки над 1.000 денари во границите на нашата држава испораката е бесплатна.

 

ИСПОРАКА ВО СТРАНСТВО

За нарачки надвор од границите на Република Северна Македонија ги користиме услугите на Македонска пошта и брзата пошта ДХЛ, во зависност од можноста што сте ја избрале меѓу регуларна или брза пошта.

Нарачките надвор од Македонија можете да ги платите единствено со платежна картичка. Цената на испораката на книгите во странство се пресметува на следниот начин: 1. Регуларна пошта – препорачана пратка преку услугите на Македонска пошта: – за пратки до 1 килограм – 615 денари – за пратки до 2 килограми – 916 денари.

Рокот на испорака е од 2 до 3 недели за Европа, а од 4 до 6 недели за прекуокеанските пратки.

2. Брза пошта – ДХЛ: –  за пратки до 1 килограм – 35 евра –  за секој нареден килограм цената се зголемува за дополнителни 5 евра, односно 2,5 евра за секој половина килограм (500 г).

Рокот на испорака до вашата адреса е најдоцна за 3 работни дена во Европа, 4-5 работни дена за САД и 5-6 дена за Далечниот Исток и остатокот од светот.

Забелешка: Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примачот.