×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Срце на ветрот

Срце на ветрот

Доналд Рајан


Издавач: Паблишер
Автор: Доналд Рајан
ISBN: 9786084569862
Жанр: Едиција Калеидоскоп
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
250 ден.

Срце на ветрот е роман за жителите на едно рурално место во современа Ирска погодена од финансиската криза, во кое избиваат опасни тензии. Среде масовната безработица и беспарица, се разгоруваат гневот и насилството, кои кулминираат со убиство на еден стар човек и грабнување на едно дете, сеејќи ужас, горчина и очај меѓу жителите. Во срцето на романот е младиот Боби, кој како и мнозината бара начин да си го прехрани семејството, прогонуван од татковото убиство што многупати и самиот го посакал...

Овој полифоничен роман е мозаик од 21 лично видување на настаните раскажани во прво лице, што речиси се читаат како исповеди. Растргнати помеѓу јавната персона и личната болка од семејните конфликти, ликовите преку сопствената вистина расплетуваат една автентична приказна. Технички смело, досетливо, ранливо и претерано човечно, ова маестрално книжевно деби е олицетворение на духот на ирската провинција. Во него Донал Рајан со одлично одмерена мистериозност и длабока проникливост ги овековечува зборовите и мислите на една генерација.

Доналд Рајан

Доналд Рајан

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира