×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Чекор по жица

Чекор по жица


Издавач: Паблишер
Автор: Вања Изова Велева
ISBN: 9786084569664
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
200 ден.

Песните на Вања Изова Велева секогаш одново нè сепнуваат и нè тераат да се преиспитаме дали го живееме најдоброто од себе. Чекор по жица е стамена книга-водилка што нè поттикнува да оставиме своја трага во времето и просторот за да нè има и тогаш кога физички повеќе нема да бидеме присутни на овој свет. Збогатена со сликите на современите ликовни уметници Митко Тошев и Љупка Галазка Василева оваа книга е и редок обид да се претстави една иста мисла преку две лица на уметноста поезијата и сликарството.

Чекор по жица е деветта стихозбирка на современата македонска поетеса Вања Изова Велева, која со секоја нова книга нè потсетува на подзаборавените вистини, на изгубената човечност, на нашата отуѓеност и немањето време за Другиот. Велева е толку прецизна и одмерена во користењето на своите главни алатки – зборовите – што читателот има чувство дека секој збор, секој израз има точно одредена позиција во стихот и дека неговото поместување, одземање или додавање на нов би значело нарушување на целата песна. Кај неа не нè освојуваат само необичните наслови, неочекуваните пресврти, метафори и поетски слики што распукуваат пред нас со својата полнокрвност и со чувството на „веќе видено“ – во некој претходен живот, во некој недосонет, кошмарен сон. Кај неа плени самиот јазик, кој е толку секојдневен а толку искрено знае да проговори за болките што сите нè морат, за радостите што сите ги посакуваме, а сè почесто ни бегаат...