×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Метод на нарачка


Прв чекор: Изберете ги продуктите што сакате да ги нарачате Покрај секој наслов/артикл се наоѓа копчето „Додади во кошничка“  кликнете на него и производот автоматски ќе биде додаден во вашата кошничка.

Во кошничката можете да додавате неограничен број на производи, како и да ги бришете продуктите што претходно ги имате додадено. На ист начин во кошничката може да се додадат и производите од листата на желби.

Во секој момент, со поглед кон горниот десен агол на екранот, можете да видите колку продукти имате во кошничката и која е нивната вкупна вредност. Кога ќе ги изберете сите книги што сакате да ги нарачате, притиснете на копчето „Наплата“ и преминете на вториот чекор од процесот.

Втор чекор: Прегледување на вашата кошничка

Откако ќе ги изберете продуктите што сакате да ги нарачате и ќе притиснете на копчето „Наплата“, ќе бидете автоматски префрлени во вашата потрошувачка кошничка. Во неа јасно се прикажани продуктите што ги нарачувате, количините (кои можете да ги смените во секој момент) и вкупната вредност на нарачката. Во левиот долен дел од екранот имате можност да го изберете методот на достава: – Пошта – ДХЛ (оваа можност е достапна само доколку нарачувате надвор од границите на Република Северна Македонија).

Во долниот дел изберете го начинот на кој ќе ја извршите вашата уплата: готовина или со платежна картичка.  

Трет чекор: Внесување на вашите податоци и потврда на нарачката

Во десниот дел од екранот треба да ги пополните полиња со потребните лични информации. Полињата што се обележани со ѕвездичка (*) се задолжителни и без нив вашата нарачка нема да биде успешно извршена.

Доколку вашата нарачка е наменета за подарок кон трето лице, ве молиме штиклирајте го полето „Испрати како подарок“, а во забелешка внесете ги дополнителните податоци.

Кога ќе ги внесете сите потребни информации, кликнете на копчето „Потврда“. Доколку го имате избрано методот на плаќање со платежна картичка, веднаш ќе бидете пренасочени кон страницата за електронско плаќање на НЛБ Банка. Во овој дел треба да ги внесете податоците од картичката со која ќе го извршите плаќањето. Доколку трансакцијата е успешна, ќе добиете повратен одговор со потврда на вашата нарачка. Доколку плаќањето е неуспешно, ќе добиете порака и нарачката ќе биде откажана.