×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Казуо Ишигуро


Казуо Ишигуро –британски писател и сценарист со јапонски корени. Роден е на 8 ноември 1954 г., во Нагасаки, Јапонија. Неговото семејство се преселило во Англија кога имал пет години. Дипломирал на Универзитетот во Кент, а магистрирал на Универзитетот во Источна Англија, на отсекот за креативно пишување. Автор е на седум романи, четири сценарија и на повеќе куси раскази. Добитник е на наградата Витбред за романот Уметник во свет што лебди, во 1986 г., Орденот на Британската Империја во 1995 г. и францускиот Орден на уметноста и литературата во 1998 г. Магазинот Тајм го вбројува неговиот роман Никогаш не оставај ме во листата 100 најзначајни романи на англиски јазик од своето основање, а Ишигуро меѓу „50 најголеми британски писатели од 1945 г. до денес“. Во 1989 г. Токму за својот трет и најпознат роман На крајот од денот Ишигуро ја добива Букеровата награда,