×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Андрес Неуман


Андрес Неуман е роден во 1977 година, во Буенос Аирес, Аргентина, каде што го поминал своето детство, а денес живее во Гранада, Шпанија.

Важи за еден од најдобрите и најпреведуваните млади автори од шпанското говорно подрачје. Пишува романи, поезија, раскази, афоризми и патописи. На дваесет и две години го пишува својот прв роман, Барилоче (1999), кој е финалист за наградата Хералд, а од весникот Ел мундо е избран за еден од десетте најдобри романи на годината.