×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ерик Берн


Ерик Берн (1910–1970) е истакнат психијатар, основач на транскациската анализа и автор на многу бестселери. Завршил медицина на Универзитетот Мекгил. Стажирал во Њу Џерси; специјализирал психијатрија на Јејл, а психоанализа во њујоршкиот Институт за психоанализа. Во 1947 г. ја објавил книгата Умот во акција, во која дал критички преглед на овие две подрачја.

Продолжил да ја развива и да ја применува својата методологија, што го навела да ја објави книгата Која игра ја играш? Ова дело постигна инстант-успех, а Берн остави извонредно наследство од над 30 други книги и написи. Исто така, тој ги постави и темелите на Меѓународното здружение за трансакциска анализа.