×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Марија Семпл


Марија Семпл е американска писателка и сценаристка. Родена е на 21 мај 1964 г., во Санта Моника, Калифорнија. Дипломирала во 1986 г. на колеџот Барнард во Њујорк. Кариерата ја почнала како сценарист во 1992 година, работејќи на познати телевизиски проекти како Елен (Ellen), Луд по тебе (Mad About You), Застој во развојот (Arrested Development) и други. Повремено објавувала колумни во Њујоркер и предавала пишување белетристка во центарот „Виктор Иго хаус“. Автор е на два романа: Ова е мое (2008) и Каде исчезна, Бернадет? (2012).