×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Исидора Бјелица


Исидора Бјелица (мажена Пајкиќ), писателка, режисерка, тореадор, магистер по филмологија, трендсетер, мајка, скандал-мајстор, војвотка, е најконтроверзната современа српска авторка. Родена е во 1967 година, во Сараево. Таму завршува гимназија (грчка и латинска насока), за да стане најмладиот југословенски дисидент по аферата „наци-жур“ и да се пресели да живее и да студира во Белград, каде што завршува ФДУ (отсек Драматургија) и каде што едно време работи и како асистент.