×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Николо Макијавели


Николо Макијавели (1469–1527) живее во периодот што секогаш сме наклонети да го нарекуваме доба на естетизмот, рафинираноста, лиризмот и сè друго што ја карактеризира пресветлата ренесансна уметност, заборавајќи дека тоа време ја има и својата опачина, своја темна страна изразена во мрачната политичка стварност, полна со насилство, злосторства и беспоштедни борби за власт.