×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Алан де Ботон


Алан де Ботон е писател, филозоф, телевизиски водител и претприемач што живее во Лондон. Роден е во Цирих, во 1969 година, во швајцарско-британско семејство со сефардско потекло. Учел во училиштето Хероу, а високото образование го продолжил на колеџот Гонвил и Киз во Кембриџ, со магистратура по филозофија на колеџот Кингс на Лондонскиот универзитет. Зборува англиски, француски и германски јазик. Неговата цел е да ја врати филозофската мисла онаму каде што припаѓа: во средиштето на нашите животи.