×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Наполеон Хил


Наполеон Хил (1883–1970) е еминентен американски автор, приврзаник на таканареченото Движење на новото мислење (или Повозвишено мислење), чии религиозно-филозофски идеи се појавиле во втората половина на XIX век, во САД, а живеат и денес. Новото мислење ја промовира идејата дека Бесконечната интелигенција, или Бог, е насекаде, дека духот е севкупност на реалните нешта, дека вистинското човеково јас е божествено, божествената мисла е божја сила, дека болеста започнува во умот, а „правилното размислување“ има исцелувачки ефекти. Веројатно и воден од ваквата филозофско-религиозна мисла, Наполеон Хил станува еден од најраните „произведувачи“ на дела од новиот жанр литература за „самопош“ во постигнувањето личен успех. Денес Хил се смета за еден од најзначајните автори на книги наменети за постигнување успех на сите полиња од животот.