×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Тим С. Гровер


Тим С. Гровер е главен извршен директор на „Атак атлетикс, инкорпорејтид“, компанија што е основана во 1989 година. Тој е светски познат за неговата работа со Мајкл Џордан, Коби Брајант, Двејн Вејд, Чарлс Баркли и илјадници спортисти и деловни професионалци и настапува низ светот како клу- чен говорник и консултант на деловни лидери, спортисти и елитни успешни луѓе во секоја област, пренесувајќи ги принципите на непо- пустлив порив, перформанси поттикнати од резултати и ментална цврстина.

Тим е автор на националниот бестселер „Непопустлив: од добар преку одличен до несопирлив“ и на „Победување: суровата трка до величина“, и креатор на дигиталната тренинг-платформа „Рилентлес систем“.

Тој дипломирал кинезиологија, а магистрирал наука за вежбањето на Универзитетот на Илиноис – Чикаго. Додека студирал, бил кошар- кар во Првата дивизија на Националната универзитетска спортска асоцијација (НЦАА), а во 2010 година добил Награда за животно постигање и бил воведен во Холот на славните на УИЧ. Стациониран е во Чикаго.

За повеќе податоци за Тим Гровер, ве молиме да ја посетите веб-локацијата www.TimGrover.com.