×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Џеј Шети


Џеј Шети (роден на 6 септември 1987 година, во Лондон) е британски автор, поранешен монах и моментално еден од најпознатите мотивациски говорници во светот. Бил срамежливо и интровертно момче, малтретирано од врсниците поради прекумерната тежина и изгледот на „бубалица“. Но никогаш не дозволил овие искуства да влијаат негативно врз него. Како и секој тинејџер, поголемиот дел од тие години ги поминал експериментирајќи со тоа што светот можел да го понуди. Едноставно, бил уморен да биде само „добар“. 

Неколкупати бил суспендиран од училиштето додека се трудел да го пронајде својот идентитет. Ги изгубил најдобрите пријатели на 16 години, еден во сообраќајна несреќа, а друг во тепачка со некоја банда. Овие трагични настани го натерале да размисли за тоа што е благословен живот и почувствувал потреба да пронајде подлабока цел и значење. 

Откако на 18 години се сретнал со еден монах, Џеј почнал поинаку да размислува за успехот и воопшто за животот. По дипломирањето на 22 години, вдахновен да направи промени во светот, почнал да живее како монах во Индија и Европа. Костумот го заменил со наметка, ја избричил главата и во следните три години живеел аскетски – сѐ што поседувал го собирало во едно шкафче од вежбалница. Посветено ги проучувал безвременските филозофии и источните науки, за да ги согледа нивните врски со современиот свет и пораките што би можеле да му ги понудат. Во текот на тие три години Џеј помагал во градење на одржливи села, бил вклучен во програми кои обезбедувале и доставувале над еден милион оброци дневно и ги обучувал милениумците низ светот за свеста, благосостојба и успехот. 

Џеј се вратил во Лондон без скршена пара. По „самоубиството“ на кариерата, наредните 9 месеци ги посветил на приспособување кон новите норми на светот. Пријателите  почнале да го канат да држи говори во нивните компании верувајќи дека може да ги подучи за благосостојба и будење на свеста, за намалување на стресот. И така, Џеј стана еден од најпознатите светски лидери за менување на размислувањето и на животот. Од лансирањето на неговиот видеоканал во 2016 година, неговите видеа исполнети со мудрост имаат над 4 милијарди прегледи и тој доби над 20 милиони следбеници, што го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.