×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Тони Робинс


Ентони Робинс има посветено повеќе од половина од својот живот на тоа да им помага на луѓето да ги пронајдат и да ги развијат нивните сопствени уникатни квалитети на величина. Како човек што се смета за американски лидер во областа на науката за врвни перформанси, тој е основач и претседател на компаниите „Ентони Робинс“, кои се посветени на тоа да им помагаат на луѓето во постигнување лични достигнувања и професионално мајсторство. 

Робинс има работено како советник за врвни перформанси за раководните лица на организации како ИБМ, АТ&Т, „Американ експрес“, „Мекдонел Даглас“ и Армијата на САД, како и на професионални спортски тимови како „Лос Анџелес доџерс“, „Лос Анџелес кингс“, на тимот на јахтата „Америка“ во Американскиот куп и на спортисти носители на златни олимписки медали. Робинс им обезбедува и континуирана обука и консултации на голем број еминентни светски личности и е главен советник при зафатите за реорганизација на неколку организации, како и заедници. 

Робинс има особена страст да го направи светот подобро место за живеење со тоа што им помага на луѓето да раководат со своите судбини – било тоа да значи негување на односите со семејствата, насочување на фокусот кон постигнување на сопствените цели, олеснување на емоционална или финансиска неволја или продлабочен придонес кон нивната заедница и земјата. Во текот на изминатите години тој несебично им ги дава својата енергија и своите ресурси на луѓето кои имаат потреба од помош. Во 1991 година тој основа непрофитна фондација за помош на незаштитените деца, бездомниците, постарите граѓани и лицата лишени од слобода.