×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ричард Бах


Ричард Бах е американски романсиер и авијатичар. Роден е на 23 јуни 1936 година, во Оук Парк, Илиноис. По мајчина линија е директен потомок на познатиот германски композитор Јохан Себастијан Бах. Во 1959 година дипломирал на Калифорнискиот Универзитет во Лонг Бич. Летањето му е хоби уште од седумнаесетгодишна возраст. Во Армијата на САД е дел од авијацијата, а по излегувањето од неа работи како пилот-каскадер и инструктор. Огромната љубов кон летањето ја пренесува и во своите книжевни дела.