×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Петре М. Андреевски


Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е поет, раскажувач, драмски писател и есеист. Роден е во Слоештица, Демир Хисар. Гимназија завршил во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Негови позначајни дела се: Јазли (поезија), И на небо и на земја (поезија), Седмиот ден (раскази), Дениција (поема), Богунемили (драма), Дални наковални (поезија), Неверни години (раскази), Време за пеење (драма), Пофалби и поплаки (поезија), Пиреј (роман), Скакулци (роман), Вечна куќа (поезија), Небеска Тимјановна (роман), Сите лица на смртта (раскази), Последните селани (роман), Тунел (роман) и Сегашно минато време (есеи).