×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Едина Сворен


Едина Сворен е родена во 1974 година, во Будимпешта. Учела во Средното музичко училиште „Бела Барток“, а потоа студирала на Музичката академија „Франц Лист“. Во 2010 година ја објавила својата прва книга Перту (Pertu), за која ја добила наградата „Броди Шандор“ за најдобро дебитантско прозно дело. Нејзината втора книга Нема и нека не ни има (Nincs, és ne is legyen) ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година.