×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Тич Нат Хан


Тич Нат Хан (11 октомври 1926) е виетнамски зен-мајстор, монах, поет и мировен активист. Во Виетнам ја основал Младинската школа за социјална работа („Мал мировен корпус“), установа која придонела за обнова на селата разурнати во бомбардирањата, како и за повторно вдомување на десетици илјади луѓе кои пребегале од воените зони. Исто така, го основал и будистичкиот универзитет „Ван Хан“, издавачката куќа Ла Бои прес и Редот на меѓубитисување „Тием Хиен“.