×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Конфуциј


Според традиционалните извори, Конфуциј се родил во 551 година пр. н. е. Презимето му било Конг; личното име Чјиу; а учтивото име (односно името со кое поголемиот број луѓе би му се обраќале), Џонгни. Името Конфуциј е латинизиран облик на Конг фуѕи, или Почитуваниот Учител Конг – имено на титулата која обично се применувала кога говорниците на кинескиот јазик сакале да укажат на него. Конфуциј се родил во малата феудална држава Лу, сместена во североисточна Кина, во областа која денес ја зазема Провинцијата Шандонг.