×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Раде Шербеџија


Раде Шербеџија дипломирал глума на Академијата во Загреб. Уште во текот на студиите почнал да игра главни улоги во филмови и во театарски продукции. Неговите интерпретации на Пер Гинт, Дон Жуан, Георги, Мелкиор, Едип, Хамлет, Леоне, Крал Лир и Ричард III се неповторливи актерски остварувања. Напишал и објавил пет книги поезија, две автобиографски книги и дванаесет носачи на звук. Потпишува и дванаесет авторски театарски режии (Баладите на Петрица Керемпух, Велат дека бувот некогаш бил ќерка на пекар, Јудита, Хрватскиот славеј, Плеј Бекет...).