×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ана Јовковска


Ана Јовковска е новинарка, колумнистка, ТВ-водителка, специјалист за односи со јавност и промоција, тренер за комуникациски вештинии личен и професионален развој, активистка и хуманистка. Спроведува обуки и едукативни тренинзи за комуникациски вештини, јавно говорење, родова еднаквост, медиумска култура, личен и професионален развој. Активистка и амбасадорка на добра волја е на кампањи за човекови права, здрава животна средина, социјална инклузија, родова еднаквост, права на животни и друго. Ужива да вози велосипед, не само како рекреативно, туку и како еколошко превозно средство. Им помага на луѓето и животните како еден од начините да го оправда своето постоење. Рајот го замислува како библиотека полна со книги.