×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Интерперсонални комуникациски вештини

Интерперсонални комуникациски вештини

Станислав Петковски - Сашо, Бети Андоновиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 200
Година на издавање: 2016
Автор: Станислав Петковски-Сашо
ISBN: 9786084569398
Жанр: Популарна психологија
350 ден.

Со добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е процес во кој праќаме, примаме и ги модификуваме пораките. Во секојдневниот живот, под комуникација многу често се мисли на разговор. Но разговорот е само еден аспект од комуникацијата, зашто таа се остварува на многу нивоа и на многу начини.


Комуникацијата, едноставно, не може да се избегне. Дури и кога не зборуваат, луѓето комуницираат – со погледи, со гестови, со положбата на своето тело... Ние сме тие што можеме да го менуваме текот на комуникацијата според својата слободна волја, но и според несвесната мотивација – својата или на соговорникот. А најдоброто во тоа е што комуникацијата е вештина што може да се научи!


Оваа книга е вистински практичен водич кој ќе ви ги покаже сите аспекти на комуникацијата и начините за нивно усвојување. Со нивна помош ќе остварите квалитетни односи со луѓето со кои доаѓате во контакт – во семејството, на работното место, во непосредната и пошироката околина... Научете добро да комуницирате и бидете господар на секоја ситуација!

Станислав Петковски - Сашо

Станислав Петковски - Сашо

Станислав Петковски-Сашо од Скопје e специјалист по клиничка психологија, CTA трансакциски аналитичар и семеен системски терапевт. Тој е основач и раководител на психолошкото советувалиште „Модус центар“. 

Повеќе