×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
7 навики на успешните луѓе

7 навики на успешните луѓе

Стивен Кови, Домашни автори


Издавач: Паблишер
Автор: Стивен Кови
Година на издавање: 2016
Број на страни: 386
ISBN: 9786084569091
Жанр: Бизнис литература
360 ден. 500 ден.

Заштедувате 140 ден.

7 Навики на успешните луѓе е обемна програма за развивање на свеста за тоа како досегашните перцепции и претпоставки го попречуваат успехот - како во деловните така и во личните односи. Овој пристап ќе ви го прошири начинот на размислување и ќе ве одведе до поголеми можности и поефикасно решавање на проблемите. Денес Стивен Р. Кови е најпочитуваниот мотиватор во корпоративниот свет. Научете како да ги примените неговите 7 навики - и гледајте како ви го менуваат животот. 


„Стивен Кови е американскиот Сократ, затоа што совршено разбирливо пишува за ’перманентните нешта’ - за вредностите, семејството, меѓучовечките односи, комуникацијата“. Брајан Трејси „Кога Стивен Кови зборува, директорите молчат и слушаат“. Њујорк тајмс Стивен Р. Кови, еден од 25 највлијателни Американци според магазинот „Тајм“, го посвети својот живот за да докаже дека секоја личност може да ја контролира својата судбина со помош на длабоко, а сепак директно водење. Тој е светски признат стручњак за лидерство, семеен експерт, учител, организациски консултант и автор. Неговите книги се преведени на 38 јазици и продадени во повеќе од 20 милиони примероци, а 7 Навики на успешните луѓе е прогласена за највлијателна бизнис-книга на 20. век.

Стивен Кови

Стивен Кови

Повеќе