×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Будење на свеста

Будење на свеста

Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 205
Година на издавање: 2019
Автор: Катерина Ангеловска Радован Витошевиќ
ISBN: 9786084569893
Жанр: Популарна психологија
400 ден.

„Будење на свеста“ е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична вистина. Личната духовна трансформација ни дава можност да ги препознаеме и освестиме нашите парадигми, верувања и вредности. Оваа книга е авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси, да се разбудите и свесно да создавате.


Сите ние имаме одредена мисија, и доколку сите би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно место за живеење и работење, во кое секој поединец вдахновен од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сеопштото сочувство, мир и љубов. Затоа е исклучително важно да ѝ веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. И тогаш ќе ја видиме посакуваната промена во светот. Веруваме дека ова е начинот на кој се случува еволуција на свеста.


Индивидуалната свест е дел од колективната свест. Кога мал, но значаен дел индивидуалци ќе преминат на ново ниво на свест и ќе го променат начинот на однесување, таа промена се случува и на колективно ниво. Бидејќи светот е нашето огледало, тој се менува заедно со нашата сопствена промена.

Книги од ист жанр

Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Катерина Ангеловска е тренер за личен и духовен развој, автор и говорник. Нејзиниот авантуристички и позитивен дух во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципите на успех според методот на Џек Кенфилд. Таа исто така е сертифицирана во програмите на: мастер практичар за НЛП (невролингвистичко програмирање), тренер за СПИН продажба, лично лидерство, менаџмент на тимови, реики мастер и други.

 Радован Витошевиќ е магистар по економски науки, со специјализација во сферата на менаџмент, финансии,  маркетинг и мрежен маркетинг, и тоа на Универзитетот Шефилд, еден од 100-те најдобро рангирани универзитети во светот. Повеќе од 10 години работи како професионален менаџер во мултинационални компании и финансиски друштва.

Повеќе