×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




333 Афирмации

333 Афирмации

Катерина Ангеловска


Издавач: Паблишер
Број на страни: 150
Година на издавање: 2019
Автор: Катерина Ангеловска
ISBN: 9786084569565
Жанр: Популарна психологија

Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Моќ која е посилна од надворешните фактори што влијаат врз нашите животи. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди.


Зар не е фасцинантно да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет каков што посакувате?! И тоа – преку своите мисли. Со енергијата на човечката мисла, секој има можност да создаде судбина каква што посакува. Затоа е многу важно да станеме свесни за сопствените мисли. Зашто мислата е енергија, а свесната мисла е насочена енергија. Афирмациите се свесни мисли кои влијаат врз разбистрување на умот и ни помагаат да ја одредиме дестинацијата каде што сакаме да патуваме.


Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!

Катерина Ангеловска

Катерина Ангеловска

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој и мотивациски говорник – www.katerinanagelovska.mk

333 афирмации е лична збирка на Катерина. Ова е нејзина прва книга преку која нe води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивна состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма.


Повеќе