НЕ ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПОМЕЃУ ОВА И ОНА, ПОМЕЃУ УСПЕХОТ И ДОБРИОТ ЖИВОТ. ТОА Е ЗА ПРОСЕЧНИТЕ ЛУЃЕ ШТО ЈА ИЗГУБИЛЕ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА ИДНИНА. ОПСЕДНАТИТЕ ЛУЃЕ БАРААТ СЀ И ДОБИВААТ СЀ.
По огромниот успех на Правилото 10Х, докажаниот бизнис-експерт Грант Кардон одново нѐ советува со потврдени техники од своето сопствено искуство!
Бидете просечни или бидете опседнати е брутално искрена книга. Таа ќе ве извлече од комфорната зона и ќе го скрши оклопот на просечност што општеството цврсто го обвиткал околу вас. Ќе ви помогне да ја ослободите моќта на опсесијата, а потоа ќе ве научи како да се грижите за неа и да ја насочите кон остварување на своите најголеми сoништа.
Без разлика со што се занимавате, оваа книга ќе ви помогне да ги зацврстите и да ги развиете својот бренд и бизнисот до зачудувачки височини, наспроти сите пречки и сета конкуренција. Зашто опсесијата е критичниот дел на успехот – поважна е и од стратегијата, цените на производот, изборот и распоредот на времето; таа ви нуди вистинска слобода и целосна контрола на вашиот живот – на личен, финансиски и на емоционален план.
Грант Кардон се докажал и надвор од очите на јавноста, во светот на реалниот бизнис. Поседува три успешни компании, а сите три ги основал имајќи само идеи, а не и пари, само благодарејќи на својата напорна работа.
ПовеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам