×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мисли и збогати се

Мисли и збогати се

Наполеон Хил


Издавач: Паблишер
Број на страни: 258
Година на издавање: 2016
Автор: Наполеон Хил
ISBN: 9786084569237
Жанр: Бизнис литература
400 ден.

Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.

 

Хил посветува цели 25 години со намера да ја открие тајната за стекнување на богатство и да одговори на прашањето Што е она што те прави победник? Резултат на истражувањето на карактеристиките и особеностите на преку 40 милијардери, Хил развива 13 принципи во форма на филозофија за личен развој и успех. Книгата се темели на тврдењето дека секоја индивидуа која има желба, верба и истрајност, може да стигне до зацртаната цел без разлика колку недостижно и да изгледа. Ако можеме да научиме да мислиме како милијардер, тогаш може и да почнеме да се однесуваме така, и на крајот да станеме еден од нив.  


Нарекувајќи ја „најдобрата формула за успехот“, оваа книга е досега продадена во повеќе од 70 милиони примероци. Следејќи ги овие правила и совети, успехот во бизнисот но и во секоја друга сфера од животот станува извесен. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!

  

Во текот на изминатите дваесет и пет години уживам во среќа и благосостојба повеќе отколку што заслужува секој човек, но ме полазуваат морници кога ќе си помислам каде би бил денес и што би правел да не дојдев во допир со филозофијата на Наполеон Хил. Тоа ми го смени животот. Ог Мандино, Најголемиот трговец на светот.

Наполеон Хил

Наполеон Хил

Наполеон Хил (1883–1970) е еминентен американски автор, приврзаник на таканареченото Движење на новото мислење (или Повозвишено мислење), чии религиозно-филозофски идеи се појавиле во втората половина на XIX век, во САД, а живеат и денес. Новото мислење ја промовира идејата дека Бесконечната интелигенција, или Бог, е насекаде, дека духот е севкупност на реалните нешта, дека вистинското човеково јас е божествено, божествената мисла е божја сила, дека болеста започнува во умот, а „правилното размислување“ има исцелувачки ефекти. Веројатно и воден од ваквата филозофско-религиозна мисла, Наполеон Хил станува еден од најраните „произведувачи“ на дела од новиот жанр литература за „самопош“ во постигнувањето личен успех. Денес Хил се смета за еден од најзначајните автори на книги наменети за постигнување успех на сите полиња од животот.

Повеќе