×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Моќта на позитивното мислење во бизнисот

Моќта на позитивното мислење во бизнисот

Скот Вентрела


Издавач: Паблишер
Број на страни: 247
Година на издавање: 2016
ISBN: 9786084569220
Жанр: Бизнис литература

Посакувате ли поголема самодоверба и храброст за да бидете поуспешни во работата?


Земајќи го за основа класичниот мултимилионски бестселер Моќта на позитивното мислење, експертот за бизнис Скот Вентрела нуди јасна и ефикасна програма што ќе ви помогне подобро да се справите со тешките одлуки, промените и предизвиците во работењето.


Оваа книга ги опишува десетте најважни особини кои треба да ги развиете – меѓу кои се оптимизмот, ентузијазмот, интегритетот, решителноста, храброста –и ви покажува како да ги примените за да ги подобрите значително своите можности и својата самодоверба во работата. Доколку ги усвоите и вистински ги примените, ќе стекнете моќ позитивно да размислувате, што е предуслов за секој деловен успех.

 

„Извонредна адаптација на динамичните принципи во делото на Норман Винсент Пил, што ќе одговори на предизвиците на 21 век“.Кен Бленчард


Скот В. Вентрела е врвен говорник, предавач и еден од најбараните бизнис-тренери во светот. За пишувањето на оваа книга Вентрела соработвал со Пиловиот центар, чиј основач Норман Винсент Пил.

Скот Вентрела

Скот Вентрела

Повеќе