×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Разбудете го џинот во себе

Разбудете го џинот во себе

Тони Робинс


Издавач: Паблишер
Број на страни: 530
Година на издавање: 2019
Автор: Тони Робинс
ISBN: 9786084892045
Жанр: Бизнис литература
790 ден.

Разбудете се и преземете ја контролата врз својот живот!


Веќе 30 години Разбудете го џинот во себе го задржува приматот на една од најзначајните книги за мотивација и самопомош што биле некогаш напишани. Милиони луѓе се будат со помислата дека нема да прифатат ништо помалку од неверојатен живот. И сето тоа благодарејќи на ефикасните совети и најквалитетните техники за самоусовршување кои ќе ви овозможат да станете личност каква што секогаш сте сонувале да бидете.


Ентони Робинс, реномираниот експерт за психолошкиот процес на промените, ни ги открива најефикасните стратегии и техники за справување со емоциите, со промените на нашето тело, со врските, финансиите и воопшто со сето она што го сочинува нашиот живот. Ни нуди програма која чекор по чекор нè учи на основните лекции како да завладееме со сопствената судбина, кои ќе ни помогнат да ја откриеме вистинската цел во животот, да ја преземеме контролата и да завладееме со силите кои ни ја обликуваат судбината.


„Тони Робинс е еден од највлијателните луѓе на оваа генерација. Разбудете го џинот во себе е фасцинантно претставување на најновите наоди и согледувања низ цел еден спектар прашања, вклучувајќи ја и сè поголемата свесност дека вистинскиот успех се состои, пред сè, во трајните вредности и во помагањето на другите.“ Стивен Р. КОВИ

Тони Робинс

Тони Робинс

Ентони Робинс има посветено повеќе од половина од својот живот на тоа да им помага на луѓето да ги пронајдат и да ги развијат нивните сопствени уникатни квалитети на величина. Како човек што се смета за американски лидер во областа на науката за врвни перформанси, тој е основач и претседател на компаниите „Ентони Робинс“, кои се посветени на тоа да им помагаат на луѓето во постигнување лични достигнувања и професионално мајсторство. 

Робинс има работено како советник за врвни перформанси за раководните лица на организации како ИБМ, АТ&Т, „Американ експрес“, „Мекдонел Даглас“ и Армијата на САД, како и на професионални спортски тимови како „Лос Анџелес доџерс“, „Лос Анџелес кингс“, на тимот на јахтата „Америка“ во Американскиот куп и на спортисти носители на златни олимписки медали. Робинс им обезбедува и континуирана обука и консултации на голем број еминентни светски личности и е главен советник при зафатите за реорганизација на неколку организации, како и заедници. 

Робинс има особена страст да го направи светот подобро место за живеење со тоа што им помага на луѓето да раководат со своите судбини – било тоа да значи негување на односите со семејствата, насочување на фокусот кон постигнување на сопствените цели, олеснување на емоционална или финансиска неволја или продлабочен придонес кон нивната заедница и земјата. Во текот на изминатите години тој несебично им ги дава својата енергија и своите ресурси на луѓето кои имаат потреба од помош. Во 1991 година тој основа непрофитна фондација за помош на незаштитените деца, бездомниците, постарите граѓани и лицата лишени од слобода.

Повеќе