×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Заврти нова страница во својот живот

Заврти нова страница во својот живот

Илина Ведран


Издавач: Паблишер
Број на страни: 157
Година на издавање: 2016
Автор: Илина Ведран
ISBN: 9786084569473
Жанр: Популарна психологија

Ти си сонувач. Твоите соништа ќе станат реалност кога ќе одлучиш да ги живееш. Ти си семоќно суштество. Најголемата моќ е во твојата ЉУБОВ. Ти си светлина. Секогаш знаеш да блеснеш во најголе мата темница. Ти си ЧУДО.

Луѓето кои се сакаат себеси им дозволуваат на другите да бидат тоа што се, прифаќајќи ги такви какви што се, без намера да ги променат. ... Љубовта не значи да бидеш врзан, туку да бидеш слободен во своите избори, да бидеш целосен и кога никој не е до тебе, да се чувствуваш сакано и ако си заминат од тебе, да се сакаш иако другите не го сакаат тоа што си ти.


Верата во доброто секогаш се враќа со добро. Ако сме отворени кон животот и даваме дозвола да ни се случуваат работите, животот секогаш ќе нѐ дарува кога ќе ни биде најпотребно. Животот нѐ сака и поддржува во секој момент, но за да го почувствуваме тоа, треба и ние да почнеме да го сакаме и да веруваме дека сме заштитени и поддржани.

Илина Ведран

Илина Ведран

З А М Е Н Е 

  По професија сум економист во областа на менаџментот, но секогаш сонував за нешто друго. Еден ден одлучив да тргнам по својата страст и да го живеам она кое мене ме исполнува, а сето тоа значеше промена на секое поле во мојот живот. Благодарејќи на моја-та одлука, денес ја работам работата која ја сакам, успешна сум во областа на мотивацијата, со задоволство ја носам првата лиценца во Македонија Heal Your Life (Излекувајте го својот живот), програма која е базирана врз светски познатата метода на Лујза Хеј

Повеќе