×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Основи на какодалогијата

Основи на какодалогијата

Иван Станковиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 252
Година на издавање: 2016
ISBN: 9786084569213
Жанр: Бизнис литература
400 ден.

Поучна, духовита, горко искрена и, на моменти, потресна книга на Иван Станковиќ, која како рамка на раскажувањето го употребува феноменот на подемот и падот на првата мултинационална адвертајзинг компанија „Сачи и Сачи“ на просторите на поранешна СФРЈ. Општествениот феномен во кој се претворила оваа култна агенција, како центар на целосно нова парадигма на мислење, е само паралела за една подлабока животна порака за истрајноста, вербата во сопствената сила и способноста да се учи на туѓите грешки. Преку низа од неверојатни, а вистинити настани, авторот нè води до спознанието што на новите млади генерации денес им е најпотребно.

Книгата „Основи на какодалогијата“ ја карактеризираат автентичен книжевен простор и анегдоти во кои се нашле некои од познатите личности од нашето време заедно со авторот. Со својата непосредност, но и стручност, Иван Станковиќ му дава сила на читателот да тргне кон саканата цел, да не се вивне поради успехот, да не падне поради неуспехот. На тој начин оваа книга, како навистина автентично сведоштво за законите, квалитетот и стилот на адвертајзингот од агол на еден од пионерите на оваа професија на Балканот, се претвора во мудар учител на животните вистини.

Иван Станковиќ е роден на 24 јануари, 1955 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград, 1978 година, а постдипломските студии ги завршил 2006 година, на Факултетот за драмски уметности. Темата на неговата докторска дисертација е „Српскиот рекламен пазар во периодот  од 1996 до 2006 година“. Во рекламниот бизнис е од 1979 година. Во 1990 година заедно со Драган Сакан ја основа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа, „Сачи и Сачи“, најпрво во Србија, а потоа во Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија. Се смета за зачетник на новиот пристап во работењето со клиентите во овие земји и на воведувањето на модерното светско искуство во планирањето и употребата на медиумите.

Неколку години бил предавач на Глобалната школа за топ-менаџери во рекламните агенции (АМП) и учесник на бројни конференции во светот. Сопствената комуникациска група, која ја сочинуваат медиумската агенција („Медија С“) и рекламната агенција („Комунис“), ја основал во 2002 година. Од 2010 година – по склучувањето на партнерството со една од најголемите комуникациски групи ДДБ – агенцијата работи како „Комунис ДДБ “.


Неговите агенции се добитници на бројни домашни и странски награди за креативна работа, а доделена му е и награда за животно дело во 2010 година (УЕПС).

Доцент е на Факултетот за драмски уметности и професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Иван Станковиќ

Иван Станковиќ

Повеќе