×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Да се живее со NAVY SEAL

Да се живее со NAVY SEAL

Џеси Ицлер


Издавач: Паблишер
Број на страни: 215
Година на издавање: 2021
ISBN: 978 608 489 257 1
Жанр: Популарна психологија
380 ден.

Џеси Ицлер постигнал многу во животот – има приватна авиокомпанија, косопственик е на „Атланта хокс“, оженет е со најмладата милијардерка во светот, сопственичка на компанијата „Спенкс“, активен ултрамаратонец е, го има искачено најсмртоносниот врв во Америка...

Но неговиот авантуристички дух не мирува. На најдолгиот маратон од 160 километри што ги истрчал за 24 часа, го среќава Дејвид Гогинс (СЕАЛ), поранешен припадник на Navy SEAL, кој последните 30 км ги истрчал со скршени стапала. Восхитен од овој подвиг, Ицлер го кани овој „непознат“ тркач да помине еден месец во неговиот дом, не ни сонувајќи што го очекува, но со надеж дека ќе успее да ги помести сопствените граници на издржливост. СЕАЛ има само еден услов – Ицлер беспоговорно да го слуша. Колку и да изгледа тешко, исцрпувачко или невозможно!

Оваа екстремна авантура резултира не само со мускули и издржливост, туку и со добро пријателство и урнебесно смешна, но и длабоко инспиративна книга! Прифати го предизвикот и мотивирај се – предизвикај го умот за да видиш на што сè е подготвено твоето тело!

„Џеси е човек кој презема ризици и секогаш пробува различни нешта за да се подобри. А освен тоа е и забавен!“

Том Бреди

Џеси Ицлер

Џеси Ицлер

Џеси Ицлер е светски познат американски претприемач, автор, рапер и мотивациски говорник со неверојатни успеси во различни области. Роден е во 1968 година, во еврејско семејство во Њујорк. Дипломирал на Американскиот универзитет од областа на правдата, правото и општеството. Неговата кариера низ годините поминува низ различни искуства, со што се стекнува со слава во повеќе бранши, од создавање на бизнис-империја, па сè до пишување авторски книги. Музичката кариера ја започнува како рапер, пишувајќи песни под псевдоним, а има соработувано со познати рапери од МТВ-сцената, како Тоун Лок и Ем-СИ. Пропаднатата кариера како рапер ја преобразува во успешна компанија која создава песни за спортски тимови правејќи најавни песни за спортска франшиза. Во спортот денес е познат и како сопственик на „Атланта хокс“. Во 2001 година постигна еден од најголемите успеси како претприемач – без претходно искуство во оваа област, ја создаде најпознатата приватна компанија за џет-билети „Маркис џет“, која подоцна ѝ ја продаде на „Беркшир Хатавеј“. Помогна да се открие влијанието на кокосовата вода во „Зико“, која подоцна ѝ ја продаде на „Кока-Кола“. Живеејќи со мотото дека колку повеќе искусуваме толку повеќе му нудиме на светот, се истакнува и со сопствени рекорди во областа на спортот – во 2006 година за еден ден успеа да истрча маратон од 160 километри, а го има искачено и најсмртоносниот врв во Америка, на планината Монт Вашингтон. Во ноември 2015 ја објави својата книга „Да се живее со Navy Seal“, во која му покажа на светот како се живее со најцврстиот човек на планетата, Дејвид Гогинс. Во 2018 година ја објави книгата „Живот со монаси“. Во целото свое животно и професионално искуство Ицлер ги тестира границите на издржливоста, но и на сестраноста на човековиот ум и тело, за да види до каде можат тие да одат.

Повеќе