×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Школа на животот

Школа на животот

Бруно Шимлеша


Издавач: Паблишер
Број на страни: 204
Година на издавање: 2018
Автор: Бруно Шимлеша
ISBN: 9786084569725
Жанр: Популарна психологија
350 ден.

Нашиот живот не е генерална проба! 

Ова е сознанието со кое Бруно Шимлеша нè освестува за личната одговорност водејќи нè на патот кон совршенството и остварувањето на нашиот вистински потенцијал. Повеќе немаме изговори – за да постигнеме некаква животна промена, најважна е одлуката. А клучот за нашето совршенство е љубовта – кон самите себе и кон животот.


Во својата книга Школа на животот Шимлеша нè повикува на акција, апелирајќи да не се помируваме со живот што не нè исполнува и нудејќи ни проверени и докажани алатки. На овој пат ќе ги промислиме сите прашања што не се учат дома и низ образованието: Како да изградиме мудар и здрав однос кон самите себе? Зошто болката е, а страдањето не треба да биде составен дел од животот? Зошто оние што упорно се негираат себеси полесно се разболуваат? Како позитивното размислување  се одразува врз нашиот живот?


Се разбира, книгата не може да живее и да носи одлуки наместо нас, но може да ни даде инспирација и одговори за живеење со полни гради. Дали ќе бидеме беспомошен лист на ветрот на животот или ние ќе го создаваме ветрот – изборот е наш!

Бруно Шимлеша

Бруно Шимлеша

Својот живот го посветив на откривање на тоа како функционира светот. Знам дека ваќе открив многу закони и нив со задоволство ги споделувам со вас, исто како што знам дека до- прва ми претстои откривање на многу други. А тоа значи дека можеме да се радуваме на нови книги! До следната средба, уживајте во создавањето на животот што го заслужувате!

Повеќе