×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Сексот во љубовта

Сексот во љубовта

Ерик Берн


Издавач: Паблишер
Број на страни: 287
Година на издавање: 2018
Автор: Ерик Берн
ISBN: 9786084569695
Жанр: Популарна психологија

Ерик Берн, врвен психотерапевт и основач на трансакциската анализа, во оваа книга дава сеопфатен преглед на сексуалноста заснован врз серија негови предавања. Неговата способност сложените меѓусебните односи да ги изрази на едноставен начин ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста на сексот и љубовта, како два важни аспекта на човековите односи. • Која е функцијата на сексот во различните видови односи?


• Која е функцијата на сексот во различните видови односи?
• Зошто сексот не е само секс?
• Кога сексот е блискост, а кога станува игра, ритуал или повлекување?
• Што зборува сексуалното однесување за нас како личности?
• Која е улогата на сексот во психолошките игри? 

Тука нема да најдете девијантни изблици на сексуално однесување својствено за психијатриски третман, туку со доза на сатира се манифестира локалниот однос кон сексот и предрасудите во врска со него. Од времето кога е издадена, Сексот во љубовта ги детабуизира темите за љубовта и сексот, со што дава придонес кон сексуалната еманципација на интересен, структириран и квалитетен начин.

Ерик Берн

Ерик Берн

Ерик Берн (1910–1970) е истакнат психијатар, основач на транскациската анализа и автор на многу бестселери. Завршил медицина на Универзитетот Мекгил. Стажирал во Њу Џерси; специјализирал психијатрија на Јејл, а психоанализа во њујоршкиот Институт за психоанализа. Во 1947 г. ја објавил книгата Умот во акција, во која дал критички преглед на овие две подрачја.

Продолжил да ја развива и да ја применува својата методологија, што го навела да ја објави книгата Која игра ја играш? Ова дело постигна инстант-успех, а Берн остави извонредно наследство од над 30 други книги и написи. Исто така, тој ги постави и темелите на Меѓународното здружение за трансакциска анализа.

Повеќе