×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Психокибернетика

Психокибернетика

Максвел Молц


Издавач: Паблишер
Број на страни: 281
Година на издавање: 2017
Автор: Максвел Молц
ISBN: 9786084569596
Жанр: Популарна психологија
450 ден.

За првпат објавена во 1960 г., Психокибернетика до ден-денес го држи приматот на бестселер со продадени над триесет милиони примероци во светот. Се смета за авторитетно дело во областа на личниот развој од кое инспирација црпат многу експерти, како Зиг Зиглар, Тони Робинс и Брајан Трејси. Нејзините ефикасни методи ги применуваат генерации врвни спортисти, претприемачи, студенти и обични луѓе, кои откриле дека успехот не само што е возможен туку е и зачудувачки лесно достижен.

Работејќи како врвен пластичен хирург, Молц открил дека на своите пациенти не им го менува само ликот туку и внатрешното Јас. Во оваа книга тој за првпат ја дефинира поврзаноста меѓу умот и телото, воведувајќи го позитивниот став како средство за промена. Психокибернетика ви покажува како да ја подобрите сликата за себе, ви нуди вежби за релаксација и визуализација, ви помага да ги отстраните емоционалните лузни, да направите емотивен лифтинг – и да ги достигнете успехот и среќата што ги посакувате.

Среќата и успехот се навика; истото важи и за неуспехот и сожалувањето. Но вие можете да ги смените негативните навики со неверојатната моќ на психокибернетиката!

Максвел Молц

Максвел Молц

Д-р Максвел Молц (10 март 1889 – 7 април 1975) дипломирал на Универзитетот Колумбија и докторирал на Медицинскиот факултет при истиот Универзитет.По објавувањето на своето ремек-дело Психокибернетика, Молц го сменил името на својата автобиографија во Доктор Психокибернетика. Иако првпат објавена во 1960, во 2008 година Психокибернетика беше вклучена во листата 50 класики за самопомош. Друга негова позната и влијателна книга е Магијата на верувањето.

Повеќе