×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Продажба во тешки времиња

Продажба во тешки времиња

Том Хопкинс


Издавач: Паблишер
Број на страни: 210
Година на издавање: 2016
ISBN: 9786084569060
Жанр: Бизнис литература

Во својата најнова книга, Продажба во тешки времиња, светски познатиот експерт за продажба, Том Хопкинс, ги пренесува своите лични искуства и покажува како да се сврти импулсот на тешките времиња и да се извлече корист од нив. Со практични примери и техники што ќе ви помогнат да ги откриете претходно занемарените можности, како и неконвенционални методи за регрутирање на нови купувачи и клучни совети за тоа како да го зајакнете вашиот бизнис, Хопкинс ви дава моќни совети со кои ќе ја зголемите продажбата сега и во годините што претстојат.Научете како:- Да пребарувате во листата на клиенти за да генерирате нови потенцијални купувачи.- Да ги задржите - и да ги наградите - вашите моментални клиенти за да ви останат верни.- Да го намалите отпорот кон продажбата во тешките времиња со помош на тактики што ги надминуваат стравовите кај купувачите.- Да ги привлечете клиентите од вашиот конкурент со 12 нови стратегии специјално скроени за тешките времиња.Циклусите доаѓаат и си одат, но принципите на одлично продавање и оние што живеат според нив опстојуваат. Откријте како да го достигнете максималниот продажен потенцијал, без оглед на бизнис-климата, со Продажба во тешки времиња.Во 1976 г., ТОМ ХОПКИНС ја основалTom Hopkins International, Inc., и целиот живот го посветил на учење и инспирирање на другите преку семинари, книги, аудио и видеообуки. Денес, над 35.000 корпорации и милиони професионални продажни лица ширум светот ги применуваат неговите материјали за обука во професионалната продажба.

Том Хопкинс

Том Хопкинс

Повеќе