×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Покојникот и лимената гуска

Покојникот и лимената гуска

Милош Стаменковиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 205
Година на издавање: 2019
ISBN: 9786084892007
Жанр: Белетристика
300 ден.

Романот Покојникот и лимената гуска е возбудлива приказна за интриги, желба за моќ, неверства, нарушени фамилијарни односи и наплата на старите долгови. 


Во Стар Јастребац, виртуелно гратче некаде на Балканот, се среќаваат италијанскиот крадец Николо Морати, градоначалникот на големиот град, опасен криминалец Ступар, масонот Маранцано во потрага по книгата на тајните Новела аркана, со најблиските членови на семејството на покојникот Јован Милошевиќ.

Сите заедно заплеткани во мрежата на судбината. Собрани околу одарот, му искажуваат последна почит на покојникот. Праведникот е беспомошен, а џганот му посакува вечен живот во рајот.

„Најдобрите први заминуваат“, е типичниот коментар насекаде во светот. Но кога е крајот?

Сепак, во необјаснивата игра на небесната промисла, понекогаш Христос ја покажува својата семоќ. Како што и самиот вели во Библијата: „Силата Божја во немоќта се покажува“

Милош Стаменковиќ

Милош Стаменковиќ

Повеќе