×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Езеро

Езеро

Бјанка Белова


Издавач: Паблишер
Број на страни: 195
Година на издавање: 2019
Автор: Бјанка Белова
ISBN: 9786084569831
Жанр: Белетристика
250 ден.

Рибарско село на крајот од светот. Загадено езеро што полека пресушува и кобно се повлекува од бреговите. Мажите пијат вотка, жените се грижат за нив додека ловат риби среде бурите, а децата ја имаат за чешање својата егзема. А што има Нами? Нами нема ништо освен една бабичка со дебелкави раце. Но има и живот пред себе ‒ другари и детски игри, љубов кон училиштето, прва љубов што му ја обесчестуваат руските војници, а потоа му одземаат и сè друго...


Но ако еден живот може да започне на крајот од светот, тогаш можеби може да заврши и на неговиот почеток. Приказна стара колку и самиот човек. Нејзиниот јунак тргнува на патување само со својата храброст и палтото што некогаш му припаѓало на дедо му ‒ за да ја најде мајка си. Но за да ја открие големата мистерија, мора да заплови и да го заобиколи езерото, а најпосле, да потоне до неговото дно во потрага по своите корени.

Бјанка Белова

Бјанка Белова

Бјанка Белова, родена во Прага, во 1970 година, е преведувачка и толкувачка, една од најзачајните современи чешки автори. 

Повеќе