×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зимски распуст

Зимски распуст

Хилдур Кнутсдотир


Издавач: Паблишер
Број на страни: 253
Година на издавање: 2019
Автор: Хилдур Кнутсдотир
ISBN: 9786084569930
Жанр: Литература за деца
350 ден.

Последен училиштен ден, ден пред зимскиот распуст. Родителите планираат романтичен викенд. Берглјот се радува што ќе може да излезе со симпатијата, а потоа да преспие кај најдобрата другарка надолго да си разговара со неа, додека братчето Браги смислува како ќе го помине времето кај своето другарче... Но ненадејно мајка им добива голем правен случај што не може да го одбие и пропаѓаат сите убави планови. Лути и смуртени, Берглјот и Браги заминуваат со татко им на одмор во планинската куќичка, а мајка им останува дома...


Никој од нив не може ни да претпостави дека тоа ќе им биде најнеобичниот – и најкрвавиот зимски одмор во животот. Денови исполнети со страв, студ и бегање пред опасноста што се надвиснува над нив, заробени од една вонземна канибалистичка цивилизација што се заканува целосно да ги уништи...


Брутално реалистична хорор приказна... Страшно возбудлива и одлично напишана книга која просто се голта... Хелга Биргисдотир, Хуграс

Хилдур Кнутсдотир

Хилдур Кнутсдотир

Хилдур Кнутсдотир (1984) е родена и порасната во Рејкјавик, Исланд. Завршила книжевност и креативно пишување на Универзитетот во Исланд. 

Повеќе