×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Од добри до одлични

Од добри до одлични

Џим Колинс


Издавач: Паблишер
Број на страни: 351
Година на издавање: 2016
Автор: Џим Колинс
ISBN: 9786084569121
Жанр: Бизнис литература

Од добри до одлични ви нуди триста страници полни со револуционерни размислувања, јасни примери и заклучоци поткрепени со податоци. Оваа книга претставува предизвик за сите бизнис-лидери да ја покажат потребната волја за претворање на својата компанија од добра во одлична. Со својот истражувачки тим, Колинс започнал список на кој подредувал 1435 компании, во потрага по оние што покажале исклучителни резултати со текот на времето. Конечно списокот го свел на 11 - вклучувајќи ги Кимберли-Кларк, Филип Морис, Жилет - откривајќи ги нивните заеднички карактеристики за корпоративен успех. Преминувањето од добри во одлични не бара извонреден извршен директор, најсовремена технологија, иновативно менаџирање, па дури ни прецизна бизнис-стратегија. Во својата суштина, овие компании имале корпоративна култура што постојано барала одлични луѓе што размислувале на исклучителен начин. Зачинета со приказни и примери од одличните и не толку одличните, оваа книга нуди докажан пат до извонредност што секоја организација треба да го земе предвид. Од добри до одлични е една од оние книги што менаџерите и директорите ќе ги читаат и препрочитуваат уште многу години.УСА Тудеј

Книги од ист жанр

Џим Колинс

Џим Колинс

Повеќе