×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мотивација

Мотивација

Брајан Трејси


Издавач: Паблишер
Број на страни: 124
Година на издавање: 2016
Автор: Брајан Трејси
ISBN: 9786084569299
Жанр: Бизнис литература

Една од најважни обврски што ги имате како менаџер е да ги мотивирате вработените да го дадат најдоброто од себе. Менаџерите кои создаваат работна средина со висока енергија и даваат чувство дека се работи нешто што има вредност, го намалуваат одливот на вработени и истовремено ги зголемуваат продуктивноста и квалитетот.


Потпирајќи се на своето повеќедецениското искуство, експертот за успех Брајан Трејси во Мотивација нуди 21 брза и моќна метода за зголемување на делотворноста на секој поединец или група. Тој ви открива како:

  • да обезбедите вработените да чувствуваат страст за тоа што го работат
  • да ги предизвикате со задачи што од нив бараат да направат исчекор
  • да ја задоволите нивната потреба истовремено да се чувствуваат и независни и дел од тимот
  • да го намалите стравот од неуспех и да ја зголемите желбата за успех
  • да ги отстраните пречките што не им даваат да напредуваат
  • да им дадете повратна информација што им е неопходна за да успеат

Во оваа книга ќе ја научите една од најважните функции на менаџментот – способноста да ги мотивирате другите за врвни достигнувања.

 

 

Брајан Трејси

Брајан Трејси

Брајан Трејси е професионален говорник, тренер, водач на семинари, советник и автор, претседател на Брајан Трејси интернешнел, компанија за човечки ресурси и развој од Солана Бич, Калифорнија.

Тој ја научил својата лекција за успехот на потешкиот начин. Го напуштил средното училиште и бил физички работник неколку години. На дваесет и неколку години почнал да работи како продавач и го почнал бавното напредување во бизнисот. Учејќи и применувајќи ја секоја идеја, метод и техника што можел да ги најде, успеал да стане оперативен директор на компанија за развој вредна 276 милиони долари. Во 1981 г. почнал да држи говори и семинари на кои подучувал за своите принципи за успех низ целата земја. Денес неговите книги, аудиопрограми и видеосеминари се преведени на 38 јазици и се користат во 60-тина земји. Секоја година се обраќа пред повеќе од 250.000 луѓе низ САД, Европа, Азија и Австралија. Неговите говори и семинари ги опишуваат како „инспиративни, забавни, информативни и мотивирачки“.

Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има објавено околу 50 книги, вклучувајќи ги Без оправдување, Цели, Креативност и решавање на проблеми, Управување со времето, Мотивација, Маркетинг, Создајте ја сопствената иднина, Сменете го размислувањето, Изеди ја таа жаба!, Максимално постигнување, Напредни продажни стратегии, Точка на фокусот, 100 апсолутно непобитни закони на деловниот успех и др. Напишал и издал над 500 едукативни аудио и видеопрограми што се користат низ светот.

Среќно оженет е и има четири деца. Активен е во општествените активности и живее во Солана Бич, Калифорнија.

Повеќе