×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Маркетинг

Маркетинг

Брајан Трејси


Издавач: Паблишер
Број на страни: 100
Година на издавање: 2016
Автор: Брајан Трејси
ISBN: 9786084569282
Жанр: Бизнис литература
250 ден.

Успехот на твојот бизнис зависи од успехот на твоите маркетиншки активности. Ако можеш да откриеш што бараат, што им е потребно и што можат да си дозволат купувачите – и ако можеш да им го дадеш тоа – ќе постигнеш одлични резултати.


Овој незаменлив прирачник содржи 21 моќни маркетиншки идеи што се брзо и лесно применливи. Преку мудроста на Брајан Трејси ќе откриете како:


  •  Да создадете своја база на купувачи
  •  Да се одвоите од конкуренцијата
  •  Да одговорите на трите клучни прашања за новата понуда
  •  Да ги подобрите пазарното истражување и целните групи, за да носите подобри одлуки
  •  Да ги исполните основните емоционални потреби на купувачите
  •  Да ја оформите вистинската цена за својата понуда
  •  Целосно да се насочите кон купувачите
  •  Најдобро да ги искористите каналите за дистрибуција



     Спакувана со практични стратегии, оваа мала книга покажува како да се доминира на пазарот, на голема врата.

    Брајан Трејси

    Брајан Трејси

    Брајан Трејси е професионален говорник, тренер, водач на семинари, советник и автор, претседател на Брајан Трејси интернешнел, компанија за човечки ресурси и развој од Солана Бич, Калифорнија.

    Тој ја научил својата лекција за успехот на потешкиот начин. Го напуштил средното училиште и бил физички работник неколку години. На дваесет и неколку години почнал да работи како продавач и го почнал бавното напредување во бизнисот. Учејќи и применувајќи ја секоја идеја, метод и техника што можел да ги најде, успеал да стане оперативен директор на компанија за развој вредна 276 милиони долари. Во 1981 г. почнал да држи говори и семинари на кои подучувал за своите принципи за успех низ целата земја. Денес неговите книги, аудиопрограми и видеосеминари се преведени на 38 јазици и се користат во 60-тина земји. Секоја година се обраќа пред повеќе од 250.000 луѓе низ САД, Европа, Азија и Австралија. Неговите говори и семинари ги опишуваат како „инспиративни, забавни, информативни и мотивирачки“.

    Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има објавено околу 50 книги, вклучувајќи ги Без оправдување, Цели, Креативност и решавање на проблеми, Управување со времето, Мотивација, Маркетинг, Создајте ја сопствената иднина, Сменете го размислувањето, Изеди ја таа жаба!, Максимално постигнување, Напредни продажни стратегии, Точка на фокусот, 100 апсолутно непобитни закони на деловниот успех и др. Напишал и издал над 500 едукативни аудио и видеопрограми што се користат низ светот.

    Среќно оженет е и има четири деца. Активен е во општествените активности и живее во Солана Бич, Калифорнија.

    Повеќе