Моќта на секоја организација е одредена, пред сè, од способноста на нејзините менаџери. Сакате да бидете незаменливи во вашата компанија? Едноставно – подобрете ги своите менаџерски вештини.
Во овој корисен мал прирачник експертот за личен развој Брајан Трејси ви го открива лесниот пат до:
• продуктивно доделување задолженија
• отстранување на дразбите што го одвлекуваат вниманието и насочување кон високоисплатливи активности
• дефинирање полиња за клучни резултати
• ефикасно вработување и отпуштање
• создавање врвен тим на посветени работници
•одржување конструктивни состаноци
• поттикнување на тимскиот дух
• јасно комуницирање
• давање личен пример
• брзо носење добри одлуки, и уште многу други нешта.
Направете ја оваа книга свој личен водич на патот кон успехот! Нејзините испробани техники ќе ви покажат како да го извлечете најдоброто од своите вработени – и да достигнете нови височини во сопствената кариера.
Брајан Трејси е професионален говорник, тренер, водач на семинари, советник и автор, претседател на Брајан Трејси интернешнел, компанија за човечки ресурси и развој од Солана Бич, Калифорнија.
Тој ја научил својата лекција за успехот на потешкиот начин. Го напуштил средното училиште и бил физички работник неколку години. На дваесет и неколку години почнал да работи како продавач и го почнал бавното напредување во бизнисот. Учејќи и применувајќи ја секоја идеја, метод и техника што можел да ги најде, успеал да стане оперативен директор на компанија за развој вредна 276 милиони долари. Во 1981 г. почнал да држи говори и семинари на кои подучувал за своите принципи за успех низ целата земја. Денес неговите книги, аудиопрограми и видеосеминари се преведени на 38 јазици и се користат во 60-тина земји. Секоја година се обраќа пред повеќе од 250.000 луѓе низ САД, Европа, Азија и Австралија. Неговите говори и семинари ги опишуваат како „инспиративни, забавни, информативни и мотивирачки“.
Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има објавено околу 50 книги, вклучувајќи ги Без оправдување, Цели, Креативност и решавање на проблеми, Управување со времето, Мотивација, Маркетинг, Создајте ја сопствената иднина, Сменете го размислувањето, Изеди ја таа жаба!, Максимално постигнување, Напредни продажни стратегии, Точка на фокусот, 100 апсолутно непобитни закони на деловниот успех и др. Напишал и издал над 500 едукативни аудио и видеопрограми што се користат низ светот.
Среќно оженет е и има четири деца. Активен е во општествените активности и живее во Солана Бич, Калифорнија.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам