×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Луѓе без минато

Луѓе без минато

Ивица Челиковиќ


Издавач: Паблишер
Број на страни: 163
Година на издавање: 2018
Автор: Ивица Челиковиќ
ISBN: 9786084569879
Жанр: Белетристика
250 ден.

Луѓе без минато е роман за универзалната апсурдност на историските епизоди во кои е вклештен малиот, обичен човек. Зад лажната слика на редот се крие поинаква суштина. Таа отвора низа прашања за трагичната судбина на беспомошните единки затечени во настаните што водат во ќор-сокак.


Во безизлезот на пеколот, Роберт Новак и неговата генерација се втурнати во бесмислена војна од чиј хаос во сеќавањето им остануваат болни слики и судбински средби. Во мракот на немоќта и верноста кон идеолошките вредности, кога се распаѓа нивната држава, слепи се за границите на вистината со која немаат храброст да се соочат. Но сепак, на крајот од тунелот проблеснува светла точка која ја буди надежта за подобро утре. 


Луѓе без минато е роман за човечките врски, за фаталните јазли на идеологијата во кои е заробен личниот живот, за ужасните лаги и предавства што го пресоздаваат злото. А единствениот противотров за него е едноставната и чиста човечка суштина.

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ (1962) е поет, раскажувач и преведувач. Има објавено девет авторски дела, поетски збирки и романи: Школки во рацете (поезија, 1990), Долги граници со небото (поезија, 1992), Метаморфози на патот (поезија, 2002), Зад источната линија (роман, 2004), Возови во пајакова мрежа (поезија, 2006), Праг и огледало (поезија, 2008), Во ѕидот знак (поезија, 2010), Сенки на северот (избор од поезијата, 2013), Skuggor bakom muren (поетски избор во превод на шведски, 2014), Седмиот ден (роман, 2014), Во друга светлина (поезија, 2015).

Повеќе