×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дневникот на едно неверство

Дневникот на едно неверство

Емилиос Солому


Издавач: Паблишер
Број на страни: 256
Година на издавање: 2016
Автор: Емилиос Солому
ISBN: 9786084569442
Жанр: Белетристика

ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА КНИЖЕВНОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА


Јоргос Дукарелис, археолог и професор на Универзитетот во Атина, дваесет години по археолошките ископувања што го прославиле и засекогаш му го смениле личниот и професионалниот живот, повторно доаѓа на островот Куфониси, на Малите Киклади. Тој сака да оствари уште едно ископување, но овој пат тоа треба да биде спроведено во внатрешноста на неговата душа. На својата прошетка по пределите каде што некогаш престојувал, низ спомените, меѓу невидливите нишки што го сврзуваат со три жени кои доаѓаат од различни временски периоди – од многу далечното минато, од неодамнешното време и од сегашноста – чекорејќи под сонцето на Егејот, помеѓу карпите, по штурата неплодна земја, по морето и бескрајното синило, тој ќе се обиде да си го среди животот потсетувајќи се на сите драматични настани од она судбоносно лето...

Емилиос Солому

Емилиос Солому

Емилиос Солому е роден во 1971 година, во Никозија.

Неговите раскази се објавени во списанијата Анеф (΄Ανευ), Неа епохи (Νέα Εποχή), Ин фокус (In focus) и Мандрагорас (Μανδραγόρας). Некои од нив се преведени на англиски јазик. Објавил три прозни дела – Плашило (2000), Прелета брзо како врапче (2003) и Секира во твоите раце (2007 г.). За ова дело Солому ја доби и Државната награда за литература на Кипар.

Повеќе